Како се привлекуваат странски туристи во Букурешт преку духот на комунизмот

Од:

Хотњуз – Букурешт

Триесет и едно годишниот Штефан Мунтјану припаѓа на оној вид на луѓе кои се способни да направат пари од се и сешто. Тој ја имал судбината да се роди во времето на комунизмот. Или подобро кажано: кисметот.

Десет часот утрото е и како една мала вавилонска кула да се собрала во паркот до фонтаната на плоштадот Унирја. Се слушаат англиски, француски, малку еврејски јазик – околу 30 мажи и жени на различни возрасти се собираат околу една млада жена која ги брои и гледа во списокот. Очила за сонце, лесни ранци, фотоапарти, удобни обувки – тоа се странските туристи кои дошле да го видат Букурешт во пеш обиколка.

Штефан Мунтјану и неговите колеги од фирмата Оупен дорс травел организираат туристички обиколки со туристички водич по Букурешт – п на неколку теми. Тој ден најмногу туристи се собрале за тнр. „алтернатива обиколка“ – туристичка траса по која Мунтјану и неговите колеги ги водат туристите низ Букурешт за да ги видат графитите и тнр. улична уметност, и да се стопат накратко со социјалната дејност во градот.

Најновиот производ на туристичката агенција е „комунистичата обиколка“ – маршрута по која странските туристи треба да го видат, сфатат и почувствуваат комунизмот во Романија. Во текот на 555 години од постоењето, Букурешт бил граден и разурнуван многу пати и тоа се гледа во средновековните руини на дворецот Куртја Веке, во фанариотскиот чифлик на Ханул луи Манук, по фасадите во бел епок стил во стариот центар, во вилите од меѓувоениот период во Градина Икоанеј.

Но сакале-несакале, најчесто за странските туристи Букурешт значи дворецот на Чаушеску – Домот на народот, како што го знаеме ние, или Палатата на парламентот, како што официјално се нарекува. Тоа е целта на Штефан Мунтјану, а туристите не доцнат за да се појават на закажаното место.

– Комунизмот беше тука повеќе од 40 години, така што не е чудно што Букурешт е полн со „сувенири“ од тој период, кој не е многу далечен во времето. Елате со нас за да разберете како комунизмот го промени романското општество и Букурешт, и да фрлите реалистичен поглед кон животот за времето на комунзимот, ги кани Мунтану странските клиенти на веб страната на агенцијата на англиски јазик.

Тој ден, беше вторник, само еден турисит дојде за „комунистичката обиколка“, но Мунтјану тврди дека во викендите се собираат групи од најмалку десет души. Обиколката, која трае околу два часа, чини 13 евра по човек. Трасата е во централниот дел на градот и не е долга.

Нема многу објекти – ниеден жител на Букурешт кој сака на своите странски гости да му го покаже комунизмот, не би го пропуштил на пример, метрото, Домот на слободниот печат (поранешниот полиграфички комбинат каде се печател официјалниот весник на Романската комунистичка партија), квартот Примавериј (каде живеела и сеуште живее елитата), работничките квартови каде живее мнзинството од нас, Политехниката.

Иако трасата минува покрај Домот на народот, Штефан Мунтјану не ги води туристите внатре каде има што да се види, „Обиколката би траела премногу долго ако вклучува и посета на зградата. Можеби во иднина“, вели тој. Освен тоа, работното време за поести на Палатата на парламентот е доста ограничено.

Младата жена од Канада која тој ден беше единствената клиентка на Мунтјану, рече дека е задоволна од односот цена/квалитет на „комунистичката обиколка“.

– Додјов во Букурешт пред една недела и бев љубопитна да ја дознаам историјата која се крие зад ѕидовите на тие згради. Но би сакала, на пример, да влезам и во некој стан во комунистичките блокови, да видам како живеат луѓето таму“, рече Стефани.

Мунтјану го компензира тоа со „реквизити“. Одвреме-навреме седнува на некоја клупа, вади од ранецот пионерска марама и учебник по географија со класичен портрет на другарот Чаушеску, и некои фотографии од срушени цркви од времето на комунизмот.

Денешниот млад бизнисмен имал само шест години за време на револуцијата, но тоа не му пречи да раскажува забавни стории од времето на Чаушеску. На пример, за гафовите на цензурата во тогашниот печат: за една средба меѓу Чаушеску и Жискар Дестен. Тогаш на една фотографија францускиот претседател се појавува со шапка на главата, а Шаушеску – без шапка. За да не го остави „другарот“ во непријатна ситуација, веднаш ја симнал шапката пред французинот, па комунистичката цензура нашла решение: на Чаушеску му „ставиле“ шапка на главата – нешто во стилот на тогашен фотошоп – но заборавиле да ја сокријат вистинската шапка која водачот ја држел во раката.

Како и мнозина од нас и Мунтјану не го сакал комунизмот. Но тоа не му пречи да прави пари од мрачното минато. Тој вели дека заработуу по 20 илјади ева годишно,со тенденција за пост,но тврди дека има и доста голем расходи. Ја основал агенцијата Оупен дор травел пред четири години заедно со негов партнер,исто туристички водич, а на платен список имаат уште двајца водичи.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски