Над 20 китови пронајдени мртви на чилеанскиот брег

Од:

Повеќе од 20 кита биле најдени мртви на морскиот брег во најюжниот дел на Чиле, соопшти националната служба за риболов, цитирана од француските медиуми.

Китовите биле пронајдени од група научници, кои работеле во регионот, а кои потоа ги информирале чилеанските власти.

-Беа распрснати на плажата, ниту еден немаше повреди. Затоа мислам дека се жртви на концентрацијата на големо количество алги, кои можат да бидат отровни или на некаков вирус, изјави германскиот биолог кој раководи со групата научници, која ги открила китовите.

Плажата каде тие биле најдени се наоѓа на фјорд, достапен само по вода, а е оддалечен четири дена пловеќе од градот Пуерто Монт,
далеку од секаква човечка активност. Научниците, сепак, споменале дека недалеку од местото на угинувањето на китовите се наоѓала и воена база.

Труповите на китовите биле најдени уште на 21 април, но научниците се вратиле во Пуерто Монт дури во средата, кога за тоа ги информирале локалните власти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера