Со премиерната изведба на операта „Магбет“ од Ѓузепе Верди во режија на Марко Спада и под диригентство на Џанлука Мартиненги вечер во Скопје ќе бидат отворени 43. Мајски оперски вечери.
Улогата на Лејди Магбет ќе ја толкува првенката на Македонската опера Весна Гиновска Илкова.
Во рамки на 43. Мајски оперски вечери ќе бидат изведени и „Травијата“ од Верди, „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа, „Симон Вуканегра“ од Верди, а ќе бидат затворени традиционално со Вердиевата „Аида“. Ќе настапат и гости од соседна Србија, Бугарија, Украина, Индонезија, а меѓу солистите ќе настапи и светски познатата дива Даниела Деси.
Оваа година се враќа традицијата да биде запален фестивалскиот оган, а тоа ќе го стори примадоната на МОБ Милка Ефтимова.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Македонија и голем број спонзори.