Комшиќ ќе формира нова политичка партија во БиХ

Од:

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина и поранешен потпретседател на Социјалдемократската партија Жељко Комшиќ најави дека ќе формира нова политичка партија.

Комшиќ истакна дека по завршувањето на мандатот во тричленото Претседателство, во кое тој ја претставува хрватската заедница во БиХ, ќе остане во политичките води.

Тој нагласи дека уште на следните избори со својата нова партија ќе биде подготвен за „политичка борба“.

– Очекувам поддршка од сите оние кои сакаат оваа држава да биде земја на еднакви луѓе и во која никој нема да се плаши да тргне во борба против криминалот, додаде Комшиќ.

Тој не сакаше да соопшти детали за новата партија и за тоа кои ќе му бидат најблиски соработници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници

Силен земјотрес во БиХ

Земјотрес во Босна и Херцеговина