Ивона Талевска нападната во близина на плоштадот

Од:

Главната и одговорна уредничка на весникот „Вечер“ и двајца сниматели на ТВ Сител, вечерва биле нападнати од група хулигани во центарот на Скопје.

Инцидентот се случил во моментот кога Ивона Талевска и двајца сниматели од телевизија Сител се упатиле кон автомобилот, по протестот пред Собранието.

Тие, како што пренесува весникот, се движеле по плоштадот Македонија, кога група од 15 лица почнале да викаат по нив и ги следеле до улицата Максим Горки.

Талевска и двајцата сниматели влегле во автомобилот, кој бил паркиран во близина на плоштадот, а групата од 15 лица почнале да го кршат автомобилот, по што ги нападнале, односно, се обиделе да се пресметаат со нив. Снимателите и Ивона Талевска се здобиле со повреди по телото и лицето.

Инцидентот го потврди и Ивона Талевска.

-Професионално го следевме, односно го покривавме процесот на опозицијата. Со ништо не ја предизвикавме групата, а сепак бевме нападнати. Не нападнаа кога влеговме во автомобилот. Ги искршија прозорците и не нападнаа, кажа Ивона Талевска.

Фото: Вечер

Би можело да ве интересира

Барањето за затвор за Ивона на 9 јули пред апелационите судии

Ана Ололовска

ТИ-М на Тасева ќе ја тужи Ивона Талевска

Ана Ололовска

Ивона Талевска бара 34 илјади евра отштета од „Фокус“ и „Слободен печат“

Ана Ололовска

СДСМ: Уште колку вакви незаконски тендери се доделени министре Тодоров и премиере Груевски?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Никола Тодоров: Го раскинав договорот со Висарис

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Милион евра на контото на Талевска од Груевски и Тодоров

Емир Латифовиќ