Собрани се 58 единици крв на денешната крводарителска акција организирана од Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Крива Паланка со поддрпка на општинската органзиација на Црвен Крст од Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Ова е деветтакрводарителска акција годинава во Крива Паланка со која до сега се собрани вкупно 435 единици крв.
– Во првото тримесечје од 2015 собрани беа 367 единици крв, а годишниот план беше остварен за 51,6 отсто. На двете акции организирани во април собрани се 68 единици крв, а месецов покрај денешната, се планира да бидат реализирани уште 2 акции, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка.
Пешовски потенцира дека со Годишниот план за крводарување за 2015 година проектирани се 25 крводарителски акции на кои е планирано да бидат соберени 711 единици крв, а истиот со 61,3 отсто веќе е реализиран.
До крајот на годината во Крива Паланка и Ранковце останува да се спроведат уште 16 крводарителски акции.