Смрт на национализмот, но чиј?

Од:

prometej.ba

Го знате оној кус виц кога млад партизан минува во село, сретнува баба, и мавнува со рака и ја поздравува: смрт на фашизмот! А бабата малку наглува му одговара: и тебе синко, и тебе!

Во некое друго време ова би било само виц. Но во времето во кое живееме ни вицот не е повеќе само виц, туку уште стотина други работи, па би требало да ги побараме можните скриени значења.

Да се обидеме да замислиме дека бабата од вицот воопшто не била наглува, туку само се преправала. Таа претпоставка отвора две можни интерпретации на вицот. Првата е: бабата е прикриен фашист, кој природно сака смрт на антифашистите. Втората интерпретација: партизанот е прикриен фашист, а старицата иронично го предупредува дека сакајќи смрт на фашизмот всушност сака смрт на самата себе. Историски гледано и до ден денес актуелно, на вистината е поблиску оваа втора интерпретација.

Бидејќи, нели паролата смрт на фашизмот со години на овие простори стануваше се поцинична, за на крај, наместо до смрт, да доведе до вистинска ренесанса, воскресение, а потоа и неприкосновена за фашизмот кај јужните Словени? Нели сме всушност жртви на една луда игра во која огромен број на смрт преплашени луѓе се камуфлираат прво во партизани, па во социјалдемократи, верници, Срби, Хрвати, Босанци и други маски и костуми, а потоа се обвинуваат едни други за фашизам и меѓусебно се истребуваат, игра која до ден денес не престанува? Во БиХ, каде фашизмот и национализмот владејат и со целокупниот општествено-културно-образовен-политички систем, паролите како што се смрт на фашизмот или смрт на национализмот, звучат многу застарено и немаат ама никаков кредибилитет.

Наведената парола некои медиуми и автори овие денови се обидоа да ја вчитаат и во значењето на нередите кои претходните неколку дена ја потресуваат БиХ. Така Ал Џезира го подготви (потоа другите медиуми го преземаа, а Андреј Николаидис ја интегрираше во својот инаку солиден текст Суштината на протестите не е во гневот), следната реченица – Суштината во босанските протести стои во призот на зграда во Тузла, која годи, а огнот го осветлува натписот смрт на национализмот, кој на нејзиниот ѕид ја оставиле демонстрантите. Проблемот со оваа поетски многу убаво напишана реченица е значењето на натписот смрт на национализмот. Колку пати во БиХ сум ја слушнал таа парола, речиси и поверував дека живеам во најантифашистичката и најдемократската држава во Европа.

Нема крај во БиХ во кој не сум сретнал носталгични стари луѓе и енергични млади луѓе кои кукале поради лошата состојба во државата, жалејќи се дека национализмот е најголемо зло на овие простори. Но, откако малку подлабоко ќе влезете во разговор со тие невини, обични луѓе кои кукаат поради злото на национализмот, под површината на нивните зборови откривате леден брег од предрасуди кон другите и наслаги на класичен национал-шовинизам.

Кога обичните луѓе во БиХ зборуваат, а медиумите ја пренесуваат паролата смрт на национализмот, тука секогаш постои едно големо НО. Тоа НО ја спречува вистинската смрт на национализмот. Тоа НО најчесто подразбира дека постои нивен национализам кој е страшен и погубен по нас и државата, па нашиот национализам кој всушност и не е национализам туку легитимна борба за нашите права, а ако и навистина е национализам, тогаш е оправдан како единствен можен одговор на нивниот национализам кој секогаш е полош и по опасен од ова што го правиме ние.

Ние не сме националисти, велат Босанците, Србите и Хрватите, ние сакаме само своја национална држава на етнички измешан и комплициран босански простор, ние сакаме само мултикултура во која нашиот идентитет доминира и ги негира другите идентитети, ние како жестоки демократи го сакаме само начелото – еден човек, еден глас, таму каде што сме мнозинство.

Кога многу Срби се прашуваат – Кој не раскара? Зад тоа стои свеста дека Југославија беше идеална држава (во која сосема случајно, доминираа Србите), но хрватските, босанските и албанските националисти ги заведоа своите народи и ги насочија против Србите, а со тоа и ја растурија Југославија. Погледнете го документарецот на Борис Малагурски Тежина на ланците, тука најдобро ќе го почувствувате тој дух. Како наеднаш цел свет се сврте против Србите, како себичните лидери на соседните братски народи го манипулираа народот, единствен можен одговор за загрозените Срби беше уште пожесток национализам, како и превентивен напад на изманипулираните народи, за да се зачува Југославија.

Како што тоа во одличната книга Стереотипи за другите како оправдување, аргумент за национализмот, го прикажува Оливера Милосављевиќ, прво одат стереотипите за другите, а потоа како против тежа на нив се конструираат стереотипи за себе. – Покрај превртливите Муслимани, дивите Арнаути, крволочните Бугари, језуитските дволични Хрвати, итрите Грци, реметилачките Срби и слично, ние можеме да се јавиме како правдољубиви и толерантни, демократи со слободарски дух, наивни и питоми, а во константна позиција на загрозеност, т.е. во состојба на постојана подготвеност на одбрана.

Кога многу Хрвати зборуваат за погубноста од национализмот, тогаш тоа се однесува само на српскиот (кога зборуваат наводните интелектуалци од Хрватска) или само на босанскиот национализам (кога зборуваат наводните интелектуалци од непрежалената Херцег Босна). Меѓутоа, Хрватските националисти се поретко и негираат дека се националисти, тие се обидуваат да го оправдаат својот национализам. Така на пример, проф. Даниел Црљен разликува добри од лоши национализми. Погодувате, во добрите спаѓа хрватскиот национализам, а во лошите спаѓаат унгарскиот, австрискиот, италијанскиот, српскиот, словенечкиот… Потоа прави уште една поделба на меркантилистички, империјалистички и идеалистички национализми. За разлика од првите два типа на национализам кои штетат на другите, хрватскиот национализам секако спаѓа во идеалистичките национализми.

– Имено, исправниот национализам ги штити придобивките само на еден народ, само на својот сопствен народ – пишува Црљен, апелирајќи дека наводно добриот национализам не подразбира омраза кон другите народи. Овој втор дел од реченицата би бил до некаде прифатлив, ако Црљен веднаш потоа не пишува дека исполнувањето на тој добар национализам, кој не ги мрази другите народи го гледа во Независната Држава Хрватска.

Конечно, кога многу Босанци зборуваат за погубноста од национализмот, тогаш тоа се однесува само на хрватскиот и српскиот национализам. Во една форумска расправа за босанскиот национализам можеше да се прочитаа следните констатации: Мислам дека босанскиот национализам е едиствено решение, прво како најдобар начин да се постигне заедништво и хомогеност, а второ како прифаќање на единствени правила на игра, а тоа е дека нема компромис со фашизмот. Сметам дека идејата за национална држава на Босанците е реалност и тоа на подолги патеки. Потоа: Потсетувам дека босанскиот национализам веќе е на дело, веќе е присутен и се чини е голема алтернатива кај младите на кои останува светот. Потоа: Се согласувам дека хрватскиот и српскиот национализам е болест но босанскиот не е, бидејќи основна теза му е само зачувување на босанскиот идентитет и босанскиот народ од исчезнување. Потоа: Тоа што некој го користи национализмот во корист на омразата, не значи дека секој национализам е таков.

Како што српските националистички кругови зборуваа за Хрватите и Босанците како несвесни, изманипулирани Срби, така и Босанците во БиХ имаат перцепција за Хрватите и Србите како припадници на својот народ кои не се свесни за својот вистински идентитет. Таа визура потоа тесно е поврзана со политиката на наметнување на сопствениот идентитет на другиот.

Инаку, една од основните стратегии на национализмот е да ги увери своите жртви дека тие не се националисти, туку тоа се само другите. И потоа добиваме еден куп критичари, за што веќе еднаш пишував. Тоа се критички расположени интелектуалци, кои вешто, аналитички, стилски префинето ќе ги сецираат сите можни национализми во босанското општество, освен тој внатре во сопствениот колектив. Тоа се луѓе кои живеат во Сараево, а пишуваат само за Додик и Човиќ. Тоа се луѓе кои живеат во Бања лука и Западен Мостар, а пишуваат само за босанскиот унитаризам и против Сараево. Таа напола критика или тоа интересно сецирање на постечките критики, освен што сведочат за кукавичлук и подвоеност на тие кои ги пишуваат или пренесуваат, истовремено се и општествено јалови и неделотворни активности. Кои не само што не донесуваат смрт на национализмот, туку го хранат и зајакнуваат.

Тоа што национализмот го направи во БиХ, најдобро може да се опише со римејк на приказната за царевото ново руво. Во бх. верзија на оваа приказна лажливците ветуваат на луѓето во три села дека ќе им сошијат облека која ќе им донесе совршена заштита, раскош и богатство, облека на која ќе им позавидат тие од соседните села. Но, велат лажливците, постои еден трик. Облеката можат да ја видат само тие кои се доволно патриотски и вернички освестени.

Измамниците полека шијат облека за селаните и ги викаат да им покажат до каде напредувале. Селаните меѓутоа, не гледаат ништо (бидејќи тука и нема ништо, никаква заштита ни богатство), но никој тоа не сака да го признае, да не излезе лош патриот или лош верник. На крај селаните од сите три села даваат се што имаат на измамниците, за да ја земат прекрасната волшебна облека. И потоа одат боси и гологази по селото, не осудувајќи се да признаат едни на други дека не гледаат никаква облека ни на себе ни на другите.

Меѓутоа, крајот на нашата босанска приказна не е толку забавен како во оригиналната бајка. Луѓето кои кај нас предупредуваат дека царот е гол, прво систематски се замолчувани и маргинализирани. Но, и кога народот ја увиде својата беда и голотија, измамниците не запреа, туку се обидуваат да ги раскараат голите и босите луѓе од трите села. Кога и тој трик ќе престане да пали, измамниците ќе играат на картата на гордоста на своите жртви и ги заговараат да се радуваат над наивноста на тие од соседните села, кои толку лесно дозволиле да бидат наивно измамени од нивните измамници и да останат гологази.

Драги босански гологази, отворете очи и ќе видите дека сте еднакво голи како и голите од соседните села, а дека измамниците од вашето село еднакво раскошно и луксузно се облечени како и измамниците од соседните ваши села и сето тоа на ваша сметка. Затоа кога ќе појдете на демонстрации, повикајте ја голотијата од другие краеви на земјата. Ако не сакаат веднаш да дојдат, одите, пружите им рака. Кога ќе се состанете и кога ќе се погледнете едни со други лице во лице, ќе видите дека сите сте толку голи што повеќе не се познава кој меѓу вас е Србин, кој Хрват, а кој Босанец. Ќе видите дека се ви е одземено, дека сте соголени и вашите идентитети и животи и разлики и вери и нации и достоинство. Ќе видите дека се наоѓате пред борба која можете да ја водите и во победа да одите само заедно. Само заедно можете да ја уништите оваа мрежа на зло што е надвиена над сите вас. Вас не ве врзуваат антифашистички пароли и споени знамиња кои ги фотоградираат медиумите, вас ве врзува немаштија, голотија и измаменост.

Ако и понатаму само мафтате со пароли против национализмот (при тоа често размислувајќи недоследно и делувајќи како партизанот од вицот од почетокот на приказната), а толерирате било кој и било каков вид на национализам, останувајќи притоа слепи за она што ви е заедничко со обесправените од соседните народи, смртта која ја сакате на национализмот ќе биде судбина на вашите надежи во промената на подобро.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници