А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ќе подарува накит

by А1он04/05/2015 - 15:4604/05/2015 - 15:48129
Share0

Генералниот секретеријат при владата ќе набавува специфични репрезентативни предмети за подарување.

Добивај вести на вибер

За ова веќе објавиле јавен оглас на бирото за јавни набавки.

Освен накит, секретеријатот ќе подарува и сувенири, икони и резби, но и во деталниот опис на набавката има и ставка разно.

За подароците генералниот секретеријат планира да потроши 1.230.000 денари без вклучен ДДВ.

Генерален секретар на владата е Кирил Божиновски односно лицето кое раководи со генералниот секратеријат.

kirilVlada

Во склоп на Генералниот секретеријат се четрнаесет сектори. Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар, заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и министрите без ресор, Сектор за економски политики, структурни реформи и инвестиции,Сектор за стратегија, планирање и следење, Сектор за анализа на политиките и координација, Сектор за организациони и нормативно правни работи поврзани со седниците на Владата, Сектор за човечки ресурси,Сектор за финансиски прашања, Сектор за внатрешна ревизија, Сектор за правни и други стручни работи, Сектор за односи со јавноста, Сектор за информатичка технологија, Сектор за општи работи, Сектор за документација и библиотека и Сектор за протокол и преведување.

Името на генралниот секретар на владата се спомнуваше и во дел од пресконференциите на СДСМ за наводни изборни малверзации.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор помеѓу Кирил Божиновски и Гордана Јанкулоска за кој тврдеше дека токму тие двајца на Драгиша Милетиќ му даваат 225.000 евра во кеш.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Ало.

КБ: Горде, вчера им дадов, плус 75.

ГЈ: Е па не знам на кој. А на кој му даде? Оти јас Драги им го имам таму пратено, Драги…

КБ: Еве сега.

ГЈ: Ми се јави…

КБ: Ќе ти кажам за секунда. Вчера им дадов на овие, маливе етнички и тука вкалкулирав уште плус 75.

ГЈ: Е па дај…

КБ: Они бараа 150, ја им дадов 225.

ГЈ: Види, а бе не е, мислам јас и ти реков ако не 75, не е битно…него знаеш што е работата, јас не можам со вакви бандитски работи, ја лично да ги прашувам. И го пуштив Драги.

КБ: Да.

ГЈ: И сега они на него му вртат цело време, пошто глупо е министер за внатрешни да им речам: брат колку треба. Драги Стојановски од УМС што беше у Агенција…

КБ: А Драги, Драги…

ГЈ: Да.

КБ: Добро, сега, сега.

ГЈ: Он со Снајпер беше на линија.

КБ: Ама Снајпер не беше вклучен сега вториот пут, Спире беше вклучен.

ГЈ: Е па добро

КБ: Сега ќе искоординираме..

ГЈ: Нека се искоординираат

КБ: Ќе ти кажам кој ги има во Куманово

ГЈ: Добро бе, ништо само нека се искоординираат, пошто знаеш ние треба да ги притискаме утре, а неаме лице да им вртиме, сфаќаш.

КБ: Јасно. Ќе ти се јавам за секунда.

ГЈ: О.К. Важи, ајде, поздрав, чао, чао.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:45

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Горан Наумовски10/12/2025 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен