Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика претседавачот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Ивица Дачиќ да го искористи својот авторитет и набљудувачката мисија на оваа организација во Украина да побара од властите во Киев да прекинат со флагрантно кршење на договорите од Минск.
Како што пренесува ТАСС, Лавров во телефонски разговор со Дачиќ истакнал дека според извештаите, украинските вооружени сили користат артилериско оружје од голем калибар за да ја гранатираат самопрогласената „Народна Република Доњецк“.
Шефот на руската дипломатија го објавил извештајот за тоа на својот Фејсбук профил.