Мектиќ: Можен е нов напад во БиХ

Од:

Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави дека босанските безбедносни служби добиле дојава со закани за нов напад во земјата.

Тој истакнал дека информацијата е добиена од една партнерска служба од регионот дека постојат индиции и разузнавачки податоци за можен нов напад во БиХ.

Мектиќ нагласи дека сите безбедносни агенции во БиХ сериозно ја сфатиле и реагирале на оваа информација, што ќе придонесе за нејзино расветлување.

– Преземени се сите мерки поврзани за безбедноста на објектите, за кои постоела одредена информација бека би можеле да бидат мета на напад, истакна босанскиот министер.

Мектиќ потврди дека неколку дена пред нападот врз полициската станица во Зворник постоела одредена информација која пристигнала до сите безбедносни служби во БиХ, а укажувала на фактот дека е можно да биде извршен одреден терористички напад.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници