На југот на Чиле повторно се активираше вулканот Калбуко, исфрлајќи во воздухот столб од пепел, гас и вжештени камења, третпат во последните неколку дена, соопштѕи чилеанската геолошка служба.
Локалните власти прогласија црвено ниво на опасност и наложија да се евакуира населението во пречник од 20 километри од вулканот, пренесува Танјуг.
Над кратерот на вулканот облак од пареа и гасови се крена вчера на висина до четири килоемтри, а ветрот го носи кон југоисток, каде има многу населени места.
Заменикот министер за внатрешни работи Махмуд Алеуј изјави дека најновата ерупција е помала од претходните две и оти ќе бидат евакуирани околу 2.500 лица.