(ВИДЕО) Пировска: Нон-сенс е Јанкуловска да прави жртва од себе кога јавниот интерес е поважен

Од:

Поради окупацијата на медиумскиот простор и поради партизираните институции, во Македонија нема основни услови да се почитуваат и да се заштитат човековите права и слободи, смета извршниот директор на „Хелсиншки комитет – Македонија“, Уранија Пировска, која денеска учествуваше на дебатата „Која е цената на слободата на изразувањето во Македонија?“.

Владејачките партии, вели таа, преку институции не ги третираат соодветно нападите врз новинарите и активистите, па на тој начин покажуваат дека немаат волја да ја почитуваат слободата на изразување.

– Имаме апсолутна окупација на медимскиот простор од страна на власта, воедно имаме институции кои се под раката на таа власт. Не можеме да зборуваме дека институциите се непристрасни и дека можат да им пружат заштита на луѓето и медиумите во извршувањето на нивната работа – вели Пировска.

Освен тоа што сторителите на овие напади не се казнуваат, остануваат несанкционирани оние кои шират говор на омраза и на тој начин го поттикнуваат насилството.

Според Пировска, случаите со Славчо Димитров и Никола Наумовски, јасно го покажуваат односот на институциите кон критичарите на власта, а тој однос е што е можно побенигно да се прикажат нападите за да се заштитат сторителите. Насилникот кој му удри тупаница на Димитров среде бел ден, ќе се здобие само со прекршочна пријава иако станува збор, вели Пировска, за нарушување на безбедноста. Од друга страна против Наумовски е поднесена прекршочна пријава, иако видео снимките јасно покажуваат дека тој бил нападнат од страна на новинарот Антонио Димитриевски.

Во ситуација кога критичарите и борците за човекови права се мета на континуирано насилство кое не се казнува, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, изјави дека е жртва поради снимките кои ги објави опозицијата, а каде наводно е документирана нејзина вмешаност во прекршувања и злоупотреби на овластувањата.

Пировска вели дека е нон-сенс министерката да прави жртва од себе во случај кога треба да се задоволи јавниот интерес.

– Праксата на Судот за човекови права во Стразбур е, без оглед дали станува збор за приватен или службен разговор, важна е неговата содржина и јавниот интерес. Не може да стане збор никако министерката да биде жртва во случајов – вели таа.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска