Русија не сака договор со САД

Од:

Москва нема да го обнови со децении стариот договор со Вашингтон за намалувањето на нуклеарното и хемиското оружје кога ќе истече следната година, изјави во средата навечер заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Важноста на договорот за намалувањето на нуклеарното и хемиското оружје меѓу САД и Русија потпишан во 1991 година, досега беше двапати обновуван, а последниот пат во серијата тензии во односите меѓу двете велесили и фрла сомневање врз иднината на новите односи меѓу жестоките непријатели од периодот на идеолошката Студена војна од средината на минатиот век.

Русија очигледно веќе не е заинтересирана за ткн Нан-Лугар програмата, позната и како Кооперативна програма за намалување на заканите, која беше осмислена во 1990-те и со која се уништија десетици парчиња нуклеарно, биолошко и хемиско оружје по распаѓањето на поранешниот советски сојуз.

„Основата на програмата е договор од 1991 година, кој, имајќи ги предвид времето кога е постигнат, начинот на кој е разработен и подготвен, не ги задоволува многу високите стандарди. Не сме задоволно од него, особено земајќи ги предвид новите реалности”, изјави Рјабков.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио