Нападот на полицијата во Гошинце е исцениран за да го пренасочи вниманието од шпионската афера во чиј центар е премиерот Никола Груевски, тврдат безбедносни служби за српски „Блиц“.
За нападот, според неофицијални информации на неколку служби на соседни земји, издвоени се два милиони евра, а го организирале двајца водачи на криминално-терористички организации Сами Укшини, викан Сокол од Ѓаковица и Ризе Бега од околината на Пеќ.
Тие двајца само еден ден претходно имале средба со претставници на Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата на етничките Албанци која со ВМРО-ДПМНЕ го креира владејачкото мнозинство во Македонија.
– Сознанијата укажуваат дека парите им се дадени за намерно да ја нападнат станицата. Претставници на ДУИ биле против тоа сценарио и на средбата побарале акцијата да не биде изведена. Очигледно е дека двајцата постапиле според упатствата на некој многу повлијателен – вели за „Блиц” извор запознаен со сознанијата на безбедносните служби