Картер: Европа не прави доволно за одбраната

Од:

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер ја повика денеска Европската унија да издвои повеќе пари за одбраната, со оглед на заканите по безбедноста од терористи и интервенцијата на Русија во Украиа.

Како што пренесува БТА, овој повик картер го упати од денешната средба со кадетите во универзитетот Џорџтаун.

Министерот изјави дека доколку Европа сака да ја игра улогата на сојузник на САД, треба да ги зголеми воените буџети. Картер дополни дека според САД, европските одбранбени способности се намалуваат, иако европските земји можат да си дозволат да одделат повеќе средства за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија