Сељими: Тачи најверојатно нема да оди во Белград

Од:

Заменикот на косовскиот министер за надворешни работи Петрит Сељими денеска изјави дека шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, и покрај подготвеноста да дојде во Белград, „најверојатно тоа нема да го направи по најавата дека ќе биде уапсен“.

Сељими за телевизијата „Клан Косова“ кажа дека, за жал, Србија не е подготвена да го остави минатото зад себе“, бидејќи одлуката за апсење на Тачи потекнува од 1997 година.

-Ние веќе неколку дена потврдуваме дека Тачи е подготвен да замине за Белград, меѓутоа денеска добивме негативен одговор од државата Србија. Ова е само потврда дека официјален Белград и натаму ги почитува одлуките на Слободан Милошевиќ и за жал тие закони кои и натаму се во сила, рече Сељими.

Тој додаде дека властите во Приштина ќе ја информираат меѓународната заедница дека Србија не сака да се откачи од минатото на Милошевиќ, но еден ден тоа ќе се случи“, рече тој.

Офицерот за врски меѓу Белград и Приштина Дејан Павичевиќ денеска одговори на барањето на Приштина за посета на Тачи на 24 април во Белград, информирајќи дека против него постои правосилна судска пресуда и дека ќе биде изведен пред надлежен суд, за Танјуг потврди Канцеларијата за Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ