ФСП: Ако се сечени, лепени и монтирани, ВМРО-ДПМНЕ нека ги објави интегралните материјали

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти е згрозен од насилничкиот карактер на објавените разговори, од кои јасно се слуша како се планираат и подготвуваат демонтрации и насилства за упад во просториите на општина „Центар“. Со ваквата диригирана демонтрација на сила тешко е нарушен демократскиот углед на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо одговор, раководството на ВМРО-ДПМНЕ со истечен партиски мандат, веќе три месеци рециклира едно те исто, неписмено соопштение, со кое се обидува сите во државата да ги направи глуви и слепои идиоти. Со овие несреќно репетирани соопштенија Центарот за дезинформации на врхушката практично признава две работи: прво дека разговорите се веродостојни, и второ, кога веќе се сигурност тврдат дека станува збор за „сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали“, тогаш, ги повикуваме да ги објават интегралните материјали.

Форумот повторно го повикува членството да не дозволи поради неколку неодговорни поединци кои го запоседнале партискиот врв, ВМРО-ДПМНЕ да заглави во криза од која никогаш нема да се опорави. Затоа ако навистина сакаме да излеземе како победници од оваа криза да не дозволиме затскривање зад колективната одговорност. Ваквите историски прегазени, губитнички квазиконцепти се опасни по сите нас. Со нив во заложништво се става и цела држава и се продлабочува граѓанско-партискиот конфликт. ВМРО е демократска партија за Македонско Национално Единство, а не квазипартиска експозитура за креирање на опасна поделба и закрвеност меѓу македонскиот народ.

Форумот го повикува чесното и вредно членство да не дозволи да биде искористено како статист во претставите за лажна мобилизација и поддршка. Со тоа ниту и се помага на партијата, ниту нешто се решава, ниту, пак раководството нешто ќе спаси. Тоа се залудно потрошени пари и зборови, во кои повеќе не се верува. Ќе биде доблесно доколку раководството чесно го заврши својот „историски опус“ на владеење со братско предавање на раководењето на партијата на кадрите кои имаат кредибилитет и свежина и во кои со години е инвестирано. Форумот не претендира на ништо, напротив бара промени и повеќе внатрепартиска демократија за да дојде до израз квалитетот на новата раководна генерација. Ако вака постапи ВМРО-ДПМНЕ има големи шанси од оваа криза излезе консолидиран и на наредните паралементарни избори повторно да победи“, се вели во соопштението на ФОРУМОТ НА СЛОБОДОУМНИ ПАТРИОТИ.

 

Би можело да ве интересира

ФСП: Власта да не ги лаже земјоделците, нека ги исплати субвенциите

А1он

ФСП: Мудро би било Груевски навреме да се повлече

Ана Ололовска

Форумот на слободоумни патриоти бара професионалност од МТВ

Ана Ололовска

Форумот на слободоумни патриоти: Документарецот на Глен Елис и нанесува огромна штета на Македонија

Ана Ололовска

Форум на слободоумни патриоти: Нашата ВМРО да не се крие зад колективна одговорност

Ана Ололовска

Љубиша Георгиевски – се сеќаваш кој беше кодошот кога се формираше ВМРО ВМРО?

Ана Ололовска