Еден американски судија нареди отворање судиски процес против поранешниот офицер на армијата на Чиле, Педро Бариентос, под обвинение за убиството на познатиот левичарски поет и фолк пејач Виктор Хара во 1973 година.
Бариентос, кој сега е американки државјани и живее во Флорида, ќе одговара за тортура и за убиство на овој чилеански поет..
Хара беше еден од илјадниците чиленски левичари и либерали кои беа затворени и сурово испрашувани на стадионот во главниот чилеански град,Сантјаго по извршениот воен удар од септември 1973 година, кој го предводеше генералот Августо Пиноче.
Поетот беше изложен на брутална тортура, а подоцна застрелан без судење.
Тужбата против некогашниот офицер Бариентос ја поднесоа вдовицата на поетот, Џоан и нивната ќерка Аманда.
Виктор Хара беше познат во чилеанската јавност како „популарен поет на широките народни маси“ и фолк пејач во 60-те и 70-те години на 20-от век. Тој пишуваше и пееше песни против социјаните неправди во тогашно Чиле и против неговата богата елита, која владееше со земјата.
Во оваа јужноамериканска земја важеше за глас на левицита и на чилеанските комунисти, а беше силен подржувач и на левичарскиот претседател Салвадор Аљенде.
Во 2009 година неговите посмртни останки беа ексхумирани, а подоцна повторно погребани со државни почести во присуство на илјадници љубители на неговата поезија.
Бариентос е еден од неколкумината поранешни чилеански офицери кои се соочуваат со судење за убиствата извршени во текот на воениот удар и во време на владеењето на воената хунта.