Амра Бабиќ (47) од малиот босански град Високо е првата жена градоначалник во Босна, но и во Европа, која постојано носи хиџаб.
Бабиќ, која редовно го носи хиџабот победи на локалните избори со 30 проценти од гласовите во градот од 40.000 жители.
Пред локалните избори што се одржаа во неделата во БиХ, нејзината Партија за демократска акција (СДА) соопшти дека доколку биде избрана, г-ѓа Бабиќ ќе стане првата жена градоначалник на Високо, но исто така и првата жена градоначалник во Европа, која носи хиџаб.
Бабиќ е економист. Пред изборите таа беше министер за финансии на кантонот Зеница, во централна Босна. За време на војната во БиХ Бабиќ останала вдовица, нејзиниот сопруг бил убиен на фронтот. Со годините таа ја раководеше асоцијацијата на семејствата на муслимански борци, убиени за време на конфликтот. Г-ѓа Бабиќ е мајка на три деца.
Муслиманите претставуваат 40 проценти од 3,8 милиони жители на Босна и Херцеговина. Исламската шамија беше забранета за време на комунистичкиот режим, кога Босна беше дел од поранешна Југославија.