Хрватска и Бугарија за прием на сите земји од Западен Балкан во ЕУ

Од:

Европскиот проект ќе биде целосно завршен дури тогаш кога сите земји од регионот на Западен Блакан ќе станат дел од европското семејство, оценија на денешната средба во Загреб претседателите на Хрватска и Бугарија, Колинда Грабар-Китаровиќ и Росен Плевнелиев.

Како што јави БТА, двајцата претседатели нагласиле дека европската и евроатланската инетеграција на Југоисточна Европа ќе ги зголеми можностите за продлабочување на партнерството меѓу Хравтска и Бугарија.

Грабар-Китаровиќ и Плевнелиев сметаат дека процесот на евроинтеграција на регионот нема алтернативи и дека тој е основен поттикнувач на реформите во земјите од Западен Балкан.

– Наш заеднички интерес е европскиот и евроатлантскиот пат на сите земји од југоистокот на Европа, нагласи Грабар-Китаровиќ на заедничката прес-конефернција со Плевнелив, одржана по нивната средба.

Грабар-Китаровиќ му се заблагодари на Плевнелиев за поддршката што Бугарија и ја пружила на Хрватска на патот за челнство во ЕУ и НАТО.

– Влезот во Шенген зоната е приоритет и за Бугарија и за Хравтска и двете земји ќе ги здружат своите напори за постигнување на таа цел, потенцира хрватската претседателка.

Плевнелиев, кој е првиот шеф на една држава што престојува во посета на Загреб по изборот на Грабар-Китаровиќ за претседател на Хрватска, смета дека евроинтреграцијата е единствениот начин што ќе гарантира одржлива стабилност и просперитет на целиот регион.

– За нас од клучно значење е почитување на принципот на добрососедство и придржувањето на европскиот пристап кон заедничката историја, нагласи Плевнелиев.

Грабар-Китаровиќ и Пелвенлиев оценија дека искористувањето на економскиот потенцијал на Југоисточна Европа и привлекувањето на странски инвестиции ќе биде можно само со заеднички залагања на сите земји од регионот.

Според нив, недостигот на добра транспортна инфраструктура и недоволната енергетска поврзаноста на земјите од регионот се едни од главните пречки за забрзување на економскиот развој на Балканот.

Од тој аспек, Плевенелиев апелираше за заеднички напори и регионален пристап во модернизацијата на сообраќајната и енергетската инфраструктура, нагласувајќи дека изградбата на Европската енергетска унија треба да започне токму од Балканот.

Двјацата шефови на држави нагласија и дека зголемениот прилив на илегални имигранти ја наметнува потребата од европска солидарност во справувањето со овој проблем.

За време на посетата на Плевнелиев на Загреб предвидени се и негови средби со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и со претседателот на Саборот, Јосип Леко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ