Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во село Тркање, Кочанско, соопшти полицијата.
Кражбата е пријавена вчера попладне.
Според увидот, сторителот ја обил бравата на влезната врата, влегол, претурал по црквата и од иконостасот одзел две метални каси во кои имало пари. Причинета е материјална штета од околу 10.000 денари.
Сe преземаат мерки за негово пронаоѓање.