Кина е свесна дека нејзиниот систем за работничките логори е проблематичен, вели висок кинески претставник, најавувајќи реформи во системот.
Многумина во минатото се заложуваа за укинување на работничките логори, каде што полицијата може да ги држи луѓето со години без судење.
Претседателот на владиниот комитет задолжен за реформите во правосудството Џанг Веи рече дека кинеското друштво „постигнало консензус“ за потребите на реформите на системот во работничките логори во Кина.
Тој на новинарите им изјави дека се подготвува план за рефора на системот.