Треска се излева на пониските места во Македонски Брод

Од:

Реката Треска почна да се излева на подрачјето на Македонски Брод, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На подрачјето на Македонски Брод (општините Македонски Брод и Пласница) на реката Треска се појавуваат почетни излевања на водите на одредени пониски места покрај речното корито, а со понатамошно покачување на водостојот на водата се зголемуваат и опасностите од поплавување на земјоделски површини и друг имот и објекти, наведуваат од ДЗС.

Поради појавата на одрон над тунелот кај Битола, со земја е затрупан регионалниот пат Прилеп – Охрид и патниот правец е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат низ центарот на Битола.

Се уште има забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец за Попова Шапка.

Во погодените подрачја, Дирекцијата преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на теренот и во случај на потреба и барање на локалната самоуправа е подготвена со своите вработени и мобилизирање на единици за брз одговор и ангажирање на потребна механизација да излезе на терен и помогне во справувањето со временските непогоди.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам