Во поплавите во Чиле загинаа 23 лица, а како исчезнати се водат 57

Од:

Најмалку 23 лица загинаа, а 57 се водат како исчезнати во поплавите, кои по поројните дождови го погодија северниот пустински дел на Чиле, соопштија денеска чилеанските власти.

– Дваесет и три лица загинаа, а 57 се водат како исчезнати, додека 22.381 лице мораа да ги напуштат своите домови, од кои 4.095 се наоѓаат во привремени засолништа, изјави директорот на Националната канцеларија на вонредни ситуации Рикардо Торо.

Портпаролот на претседателот на Чиле, Мишел Башеле изјави претходно дека Владата ќе издвои речиси десет милиони долари за областите погодени од поплавите, додека заменик-министерот за внатрешни работи Махмуд Алеуј изјави дека ова се „најлошите врнежи, ки го погодиле северниот дел на земјата во изминатите 80 години“.

По невремето, проследено со поројни дождови, кое минатата недела предизвика поплави во пустината Атакам, инаку најсувата пустина во светот, локалните жители и натаму се обидуваат да ги ископаат куќите и автомобилите од калта и повторно да ги стават патиштата во употреба.

Поплавите ги погодија градовите Копиапо, Чанаал, Тјера Амариља и Талтал, кои повеќе километри се оддалечени од чилеанската престолнина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера