Бука – Сараево
Околу 68.000 граѓани ја напуштија државата БиХ во изминатиот период, додека околу 100.000 се во константна миграција.
До овие податоци дојде Унијата за одржливо враќање во БиХ, во рамки на своето истражување кое се однесува на просторот на северозападна, североисточна и дел од југоисточна Босна.
– Подрачјата Зворник, Власеница, Братунац, Калесија, дел од Горажденскиот регион кон Устикотлина и кон Фоча ги напуштиле околу 68.000 граѓани на БиХ – рече Мирхуниса Зукиќ, претседателка на Унијата, за Бука.
Таа вели дека првичната намена на нивниот проект била мапирање на најзагрозените семејства по прашањето на реконструкција на станбените и нестанбените единици, вработувањето, образованието, здравството, но дека во текот на истражувањето дошле до овие фрапантни бројки, кои многу ги загрижиле. Таа потсети дека во нивната работа опфатени се 52 општини во БиХ. Истакнува дека податоците ги добивале од месните заедници вкупно од нив 985, од многу институции, верски заедници, потоа основните и средни училишта, бидејќи децата одат заедно со своите родители, како и од помал број на невладини организации.
– Ова се информации кои се потврдени од овој незанемарлив број на институции, тоа се нивните извори и тоа е многу сериозна бројка – истакна Зукиќ.
Посебно загрижуваат бројките кои доаѓаат од Кантон 10.
– Од Ливно заминале над 2500 луѓе, од Купрес над 1000, од Босанско Грахово исто така, од Гламоч, Томиславград, Дрвар. А ова го зборуваме само за повратници и раселени лица – вели претседателката на Унијата.
Во Унијата потоа се обиделе да го разврстат домицилното население кое си оди од тие градови, а кое не се раселувало во текот на војната, па така дошле и до податоци за повеќе градови, од кои заминуваат пред се млади луше, од Мостар, Столац, Чапљина, Прозор, Требиње. Исто така во СБ Кантонот, Бугојно, Травник, Јајце, Сански Мост, Бихаќ, Кључ. Тоа се градовите од кои си оди нашата младост – вели нашата соговорничка.
Зукиќ посебно го истакна примерот на напуштање на Кантон 10, од кој си одат цели семејства
Најголемата причина за заминувањето е недостиг на услови за живот, посебно на повратниците, кои немаат загарантирано здравство, додека состојбата во образованието е многу лоша. Вработувањето требаше да биде апсолутен приоритет.
– Ние се обидовме да ги споредиме урбаните и руралните подрачја. Зошто луѓето си одат од градовите како што се Ливно, Грахово, Дрвар? Зошто луѓето си одат од Зворник? – се прашува нашата соговорничка.
– Значи тука не можеме да зборуваме само и исклучиво за Босанци, или Хрвати, Срби или Роми. Луѓето си одат од Босна и Херцеговина – категорична е Зукиќ.
Таа вели дека главна дестинација за заминување од земјата е Шведска и тоа по пат на институт за спојување на семејства, на пример, од Сански Мост, Кључ, Бихаќ си одат млади кои склучуваат бракови со свои врсници надвор. Значи имаме случаи на класични интересни бракови. Секоја можност се користи младите да ја напуштат државата.
Мирхуниса Зукиќ вели дека, кога се работи за нивниот број од 68.000 луѓе кои ја напуштиле БиХ во текот на 2012, 2013 и 2014 година, а се работи за северозападна Босна, бројот е многу поголем. – Околу 100.000 луѓе се во миграција – тврди Зукиќ. – Постои поголем број на луѓе кои не се пријавени во тој град, на пример, а потекнуваат од тој град – додаде таа.
– Ние како невладина организација сакаме да го промениме размислувањето и свеста кај луѓето, дека заминувањето од земјата кои тие го сметаат како нешто нормално тоа всушност не е. Одговорите на луѓето на прашањето за одењето на нивните сограѓани беа многу песимистични и помалку морбидни. Тоа сакаме да го промениме – вели во изјавата за Бука Мирхуниса Зукиќ, претседателка на Унијата за одржливо враќање во БиХ.
Русмир Побриќ од Институтот за развој на млади Култ, вели за нашиот портал дека кога станува збор за одењето на луѓето од нашата земја, 2014 година била посебно бурна. Од перспектива на обичен човек, општествените порази се редеа еден по друг и полека исчезна надеж за нов почеток. Без надеж во подобра иднина, без работа и пари, опкружени со неправда и со се полоши јавни услуги, луѓето гледаат излез од кризата на граничните премини.
Некогаш имам чувство дека постои некоја тајна политичка агенда која има за цел младото и образованото население да ја напушти земјата, бидејќи така затапува острицата на критики и одлучните граѓански барања, тогаш слабее критичката мисла и останува маса со која лесно се манипулира.
Не знам како поинаку да ја објаснам незаинтересираноста на властите за проблемот со одливот на населението. Без образовано население, без квалитетен млад кадар, многу клучни реформи се незамисливи. Да се осврнеме само на прашањето за вработувањето. Кој ќе покренува нови бизниси, кој ќе дочекува инвеститори, кој ќе ги пополнува новите работни места чие отворање се најавува? Стопанскиот сектор веќе мака мачи со недостиг на квалификуван кадар, дури и за не толку тешки занимања, најпотентната работна сила си заминува од земјата – истакна за Бука Побриќ.
Состојбата со заминувањето на луѓето од оваа земја е повеќе од алармантна. За ова сведочат горе наведените податоци. Стопанскиот сектор се погласно се жали дека огромен проблем е недостигот на квалификуван кадар, дека тоа значително го успорува развојот. ИТ секторот, кој се смета за многу перспективна гранка на стопанството во БиХ, се соочува со проблем да ги задржи младите програмери во БиХ. Се заканува колапс на здравствениот систем, медицинскиот кадар си заминува во голем број. Треба да се спомне и социјалната слика која се создава со заминување на најдобрите и најконкурентните членови од нашата заедница. Треба добро да размислиме за тоа кој заминува, а кој ни останува во земјата.