Новинар на весникот Данас поднесе тужба во Управен суд бидејќи Владата на Србија не доставила одговори колку нови луѓе се вработени во јавниот сектор лани, и покрај забраната за вработување до 2016 година.
Како што наведува весникот, тужбата е поднесена вчера бидејќи претходно Владата на Србија не одговорила на две барања за пристап до информации од јавно значење испратени од Данас на 22 октомври 2014 година и од 10 февруари оваа година.
Весникот потсетува дека и во почетокот на декември Собранието на Србија, како и во декември 2013 година, усвоило забрана за вработување во јавниот сектор до 31 декември 2015 година.
Првично, медиумот побарал од Министерството за финансии податоци за вработувањата, но оттаму во повторно барање им одговориле дека немаат податоци и дека треба да се обратат до Владата на Србија.