Најмалку седум луѓе загинаа во поплавите во Чиле

Од:

Бројот на жртвите од невообичаените поплави во пустинскиот реон на Чиле се искачи на седум, а 18 луѓе се водат за исчезнати, изјави заменик министерот за внатрешни работи Махмуд Алеуј.

Тој посочи дека се евакуираат луѓето од опасните региони. Најпогодени од водената стихија се административните области Антофагаста, Атакама и Кокимбо. Во Антофогаста 680 луѓе останале без домови, а во Атакама – 800.

Северниот дел на Чиле од вторникот е зафатен од силна бура со обилни дождови.

Според метеоролозите во последните денови наврнало дожд десетпати повеќе од вообичаеното.

Реонот на Атакама, познат по истоимената пустина, е еден од најсувите светот. Последните поплави во тој регион датираат од 1997 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени