Почнува Меѓународниот шаховски турнир „Карпош Опен 2015“

Од:

Околу 250 велемајстори, интернационални и ФИДЕ мајстори од 25 земји од светот ќе учествуваат на Меѓународниот шаховски турнир „Карпош Опен-2015“, кој свечено ќе биде отворен денеска во Скопје.

Турнирот, кој се вбројува меѓу десетте најдобри во Европа, ќе го отвори градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, коj заедно со Шаховскиот клуб „Гамбит Ассеко SEE“ се главни организатори на  „Карпош Опен 2015“.

Натпреварувањата ќе почнат во 17:30 и ќе траат една недела, заклучно  со 3 април. За време на турнирот ќе се одржат девет кола. Учесниците ќе може да ги покажат шаховските вештини и знаења, а меѓу нив и легендите во шахот и најдобрите на рејтинг-листите како Иван Иванишевиќ, Владислав Ткачиев, Милош Перуновиќ, Зденко Кожул, Кирил Георгиев, Роберт Маркуш и други.

Целиот турнир ќе може да се следи на www.chess-results.com, а делот од Live games ќе се следи на www.gambit.com.mk

Наградниот фонд за шаховскиот турнир изнесува 16.000 евра, а за најдобриот шахист за оваа година се обезбедени  2.500 евра.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ