Ѓорѓиев: Немаме добиено иницијатива за проверка на довербата пред народот

Од:

Владата се насочува кон реализација на проекти, а доколку некој сака да ја провери нејзината доверба во самиот народ, постојат конкретни демократски институционални механизми што може да се преземат, а во овој момент такви акти и такви иницијативи за барање доверба на Владата пред народот нема, изјави денеска портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Посочи дека меѓу активностите што Владата ги презема и се во тек е и подобрување на изборното законодавство во процедура, заедно и во консултации со останатите политички партии и работни групи.

– Одредени работи на политичката сцена се надмудрувуња меѓу политичките партии и, условно, значат димни завеси, чија цел е да се одземе дел од енергијата на Владата и нејзината насоченост за реализирање на конкретни проекти со кои ќе се соочат потребите на граѓаните. Во петокот низ еден демократски механизам на Владата и беше дадена доверба од страна на Собранието и со неа Владата има обврска да се насочи кон реализацијата на проектите, додаде Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски