Жерновски: ЕУ и НАТО се разочарани, Груевски веќе нема да биде толериран

Од:

Со бомбите кои следуваат ќе продолжи да се разобличува методот на владеење на Груевски, а потоа експертска влада треба да подготви терен за одржување на први слободни и демократски избори после долги години, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во интервју за Слободен печат.

-Јас веќе упатив порака дека опозицијата сега мора да ги обедини сите свои сили. Храброста која ја покажува Заев навистина инспирира и тао треба да биде поттик за обединување на сите партии и граѓани.

Победата во Центар беше резултат и на силната подршка што ја имав од опозицијата. За ЛДП веруам дека ќе остане на опозициониот курс и дека во оваа наша заедничка борба со СДСМ, НСДП и другите коалициони партии ќе истраеме до конечната победа. Крајно неморални се обидите на власта да купува советници и пратеници за да ги задржи фотељите и моќта. Затоа да направиме се да го спречиме ова.

Опозицијата никогаш нема да користи однапред депонирани оставки или потпишани меници на високи суми за дисциплинирање на пратениците и советниците. ЕУ и НАТО се длабоко разочарани. Тие потрошија за подготовка на Македонија за членство во тие организации, реализираа стотици проекти за независно судство, професионална и политички непристрасна јавна администрација, полиција, за слобода на медиумите и за јакнење на граѓанското општество.

Но, за жал по сите овие прашања Македонија постојано назадува и верувам дека заради тоа Груевски повеќе нема да биде толериран, притисокот за надминување на оваа криза најмногу ќе биде насочен кон него, вели Жерновски.

На 30 март Советот на општина Центар ќе одржи седница на која советниците ќе го кажат својот став дали се за одржување на референдум на кој ќе се определи судбината на ГТЦ.

-Очекувам дека Советот на општината Центар ќе го прифати мојот предлог за организирање референдум на 26 Април,. Мојата лична заложба во овој мандат беше да се врати моќта на одлучување кај граѓаните на Центар и тоа да претставува пример и за другите општини во државата. Едно вакво изјаснување на граѓаните треба да биде гордост за општината во целина и за сите политички партии кои дејствуваат во неа. Референдумското изјаснување не е изборен натпревар и треба се сфати како одговорен однос на политичарите кон барањата на граѓаните.

Јас се надевам дека ова ќе биде недвосмилсено поддржано од Советот и очекувам сите советниици, без разлика од која партија доаѓаат, да ја уважат иницијативата. Со ова ќе испратиме јасна порака до сите граѓаните, без разлика на нивната партиска определба, да ја искористат можноста заеднички да одлучат за иднината на ГТЦ. Секое друго делување на ВМРО ДПМНЕ ќе биде директно оневозможување на демократското право на граѓаните. На локален референдум одлучуваат граѓаните за прашања од заеднички интерес кои не смеат да бидат предмет за политичка пресметка помеѓу партиите.

Затоа им порачувам на политичките партии да дадат недвосмилсена и јасна поддршка на овој референдум и да ги поттикнат граѓаните, но и своите членови да излезат на гласање.Се надевам дека ВМРО ДПМНЕ нема да го игнорира референдумот поради страв дека можеби изразената волја на граѓаните ќе биде доживеана како пораз на политиката на владата и проектот Скопје 2014. Затоа јас веќе јавно го повикав и градоначалникот на Скопје, Коце Трајнаовски да ја поддржи идејата за референдум, вели Жерновски.

Би можело да ве интересира

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Жерновски – Брнз: САД остануваат наш посветен сојузник на патот до полноправно членство во НАТО и ЕУ

Драган Поповски

(ВИДЕО) Трајковски: Се сомневаме дека Жерновски дал милион денари за СЈО кривично да не гони

Виктор Јованов

Жерновски се потпиша во книгата за жалост за смртта на Клаус Кинкел