Три Фејсбук правила за среќна врска

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук многу е присутна во врските бидејќи стана омилено место за објавување на најситни детали од животот.

Фејсбук треба да служи како хоби, а не начин на живот. Не се изнесуваат сите детали, слики и видео снимки, затоа што сепак во прашање е глобална социјална мрежа и податоците можат да бидат искористени на разни несакани начини.

Иако Фејсбукот може да ја подобри врската и да ја направи поромантична но, во поголем број случаеви може да ја ископмплицира. За тоа да не се случи треба да се придржувате до следните правила.

Заедничкиот профил е лоша идеа

Колку пати сте се насмеале бидејќи вашата другарка има заеднички профил со својот партнер, а после неколку месеци откако ќе раскинат целата ситуација на крајот делува трагикомично.

Сепак, тоа не е единствен проблем. Заедничкиот профил значи и да се одречете од вашето време. Секако дека Фејсбук не треба да биде алатка каде ќе ги чувате вашите тајни, но сепак е убаво да се допишувате со пријателите без страв дека вашиот партнер ќе прочита. Секогаш можете да ставите дека сте во врска или ја отстраните сликата и на тој начин се заштитите од евентуални досадни понуди.

Лозинката е приватна работа

Лозинката од мејл или од социјалните мрежи е само ваша лична работа и не треба приватноста да ја делите со никого, а најмалку со партнерот. Денес сте заљубени, а утре – кој знае. Доколку се подели лозинката со партнерот, кога -тогаш ќе дојде и искушението да провери што правите на Фејсбук и може да дојде до недоразбирање и за најмали детали.

„Лајк“ е само „лајк“

Да се обвини партнер за неверство, поради тоа што некоја девојка ставила „лајк“ на неговата слика или тој на нејзината, звучи глупаво, но тоа се случувања почесто.

Секој има право одредена личност да му се допадне. Дали нешто повеќе ќе се случи од „лајк“ и кометари, зависи од двете лица, не само од едната страна.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска