Во денешните самоубиствени напади во главниот град на Јемен, Сана загинаа 137 луѓе, а 345 се повредени.
Нападите биле извршени од четворица бомбаши-самоубијци. Цел на самоубиствените напади биле џамиите Ал Хушуш и Бадр, каде се молат шиитските бунтовници Хуси.
Катарската сателитска телевизија Ал Џезира јави дека одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.