Хутите дозволија авиони на ОН да слетаат на аеродромот во Сана

Од:

Бунтовниците во Јемен, кои имаат поддршка од Иран, денеска соопштија дека привремено дозволуваат авиони на Обединети нации со хуманитарна помош да слетаат на аеродромот во главниот град Сана.

Хутите, под чија контрола е Сана и поголемиот северен дел од Јемен, пред една недела забранија слетување на авионите на ОН и на други хуманитарни летови поради воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз Сана, како и поради прекуграничните напади на Хутите со ракети и дронови врз Кралството.

Претставникот на ОН во Јемен, Ханс Грундберг го осуди најновиот бран насилство во Јемен, посебно по продолжувањето на офанзивата на Хутите врз градот Мариб, кој е под контрола на јеменската Влада.

– Ескалацијата изминатите недели е меѓу најлошите што сме ги виделе во Јемен и се е поголема опасноста по животите на цивилите, предупреди Грунберг.

Тој изрази загриженост за смртоносните воздушни напади на коалицијата врз Сана и нападот на Хутите врз Саудиска Арабија, и ги повика завојуваните страни да се вклучат во напорите на ОН за деескалација на насилството, решавање на итните хуманитарни потреби и отпочнување политички процес за ставање крај на војната која почна во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили