Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, рече дека подолго време има апсурдна ситуација во земјава.
„Министерот за одбрана од УЧК, не го почитува командантот на Генерелштабот на АРМ, градоначалникот од УЧК во Чаир не го почитува министерот за образование. Не се почитуваат ама функционираат.
– Што би рекол нашиот претседател – изгледа шашаво, ама функционира“, рече Ангелов.
Потпретседателот на Обединети за Македонија, Марјан Огњановски кажа дека во земјава се нарушени меѓуетничките односи.
Според него, се помалку луѓе сакаат да ја гледаат претставата на владиниот театар.