Чиленските власти евакуираа над 4.500 жители на крајбрежните градовите Валпараисо и Виња дел Мар, кон кои се приближува голем шумски пожар.
Чилеанскиот заменик-министер за внатрешни работи Махмуд Алеви изјави дека пожарот се шири со голема брзина и не е исклучено во следниот период бројот на евакуирани лица да достигне до 16.000.
Шумските пожари се вообичаена појава во Чиле во овој период од годината, имајќи предвид дека на јужната земјина хемисфера сега е лето.
Во пожар во реонот на Валпатаисо во 2014 година загина 13 лица и беа уништени над 2.000 куќи.