Хан: Без оглед на изворот, материјалите мора да се истражат

Од:

Комесарот за проширување на Европска унија, Јоханес Хан, на синоќешната седница на Европскиот парламент во Стразбур, рекол дека без разлика на изворите, материјалите што ги објавува лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, мора сериозно да се истражат од институциите, пренесува „Дојче веле“.

– Без разлика на изворите на прислушувањето кои треба да се истражат, секоја потенцијална злоупотреба што се открива во нивната содржина, мора да биде истражена и да се преземат адекватни мерки. Особено ако нарушуваат такви фундаментални прашања како што се владеењето на правото и поделбата на власта. Во период кога довербата во институциите е ниска, сите јавни личности мора да се однесуваат одговорно и да преземат одговорност за своите постапки – рече Хан.

Комесарот Хан информирал дека при посета на Македонија во февруари, им порачал на сите политички лидери дека „си играат со иднината на земјата“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум