Дваесет проценти од Русинките едвај би дочекале прилика да се мажат за рускиот претседател Владимир Путин, покажаа резултатите од најновото испитување.
Околу 66 проценти од Русинките тоа не би го направиле, додека останатите 14 проценти сметаат дека ќе им треба повеќе време да размислат. Испитувањето го спроведе центарот Левада, а испитани биле 1.601 жена од цела Русија, во периодот од 21 до 24 септември.