„На Шпанија воопшто не и треба помош“

Од:

„На Шпанија воопшто не и е потребен пакетот помош“, порача министерот на економија Луис де Гиндос.

Министерот инсистирал дека на Шпанија не и е потребна помош, бидејќи е „конкурентна и земја која се држи“, пренесува агенцијата АФП.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно оваа недела ги негираше наводите дека Шпанија планира во најкраток рок да побара финансиска помош од партнерите од еврозоната за да и стави крај на финансиската криза.

За Европската централна банка да ја активира програмата за купување на акциите за цел да се намалат трошоците околу задолжувањето од земјите од еврозоната, потребно е државата која има проблеми формално да побара помош од европските фондови за спас, потег кој Мадрид се двоуми да го направи.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја