ВИДЕО: На 10 години запишала факултет, а се уште не завршила основно

Од:

Десетгодишната Естер Окади од Волсал во Велика Британија е примена на факултет и покрај тоа што се уште нема завршено основно училиште.

Студиите ги запишала на Отворениот универзитет во државата и вели дека сака да докторира и да отвори своја банка.

-Уписот беше доста интересен поради нејзините години, добро се снајде и доби максимален број поени на приемниот испит. На седумгодишна возраст планираше да оди на факултет, но се плашеше да не е рано. Сега е сигурна дека е време да тргне на факултет – гордо раскажува нејзината мајка Омонефе.

Естер се покажала како особено талентирано девојче за математика, бидејќи на само шест години имала преодна оценка на тест, кој е наменет за ученици во завршната година на основното образование.

esterOkadi

Нејзиниот помлад брат исто така покажувал интерес кон оваа наука поради што мајка им решила да ги подучува дома.

Инаку Естер не е прво дете кое на десетгодишна возраст запишало факултет. Пред неа Рут Лоренс на 13 години дипломира на Оксфорд и сега е професорка на Ајнштајновиот математички институт на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија