Првиот протест на ПЕГИДА во Британија помина мирно

Од:

Антиисламистичкото движење „Патриоски Европејци против исламизација на Западот“ (ПЕГИДА), формирано во Германија, одржа денеска први демонстрации на британско тло, на кои присуствуваа околу 400 луѓе и кои поминаа мирно.

На контрамитинг, против собирот на ПЕГИДА, во Њукасл се собраа 2.000 луѓе.

Беше забележано засилено присуство на полицијата поради двата протеста, чии учесници се држени раздвоени, а двата собира поминаа мирно.

Иако огранокот на ПЕГИДА во Британија е малку застапен во државните медиуми, Фејсбук страницата на тоа движење во Обединетото кралство има над 17.000 приврзаници.

Би можело да ве интересира

Нереди на протестот на Пегида во Антверпен

Ана Ололовска

Лидерот на ПЕГИДА на суд за навреди кон бегалците

Ана Ололовска

Слаб одѕив на протестот на шведскиот огранок на Пагида во Малме

Ана Ололовска

Фудбалерот Бироф на чело на 400.000 Германци што се потпишале на петицијата против ПЕГИДА

Ана Ололовска

ПЕГИДА: Нема да не замолчат, демонстрации идната недела

Ана Ололовска

Антиисламското движење ПЕГИДА отвори огранок во Шпанија

Ана Ололовска