Според анкетите во Грција води Нова Демократија

Од:

Во најновата анкета пред изборите во Грција, благо порасна поддршката за конзервативната партија Нова демократија од 0.7% во однос на левичарската коалиција.

Ова е последна анкета пред започнување на двонеделниот изборен молк пред парламентарните избори на 17. јуни.

Кога изборите би се одржале денеска, Нова демократија би освоила 27.1%, СИРИЗА 26.4%, покажува заедничката анкета на Метрон анализа и грчката телевизија Антена.

Според анкетата, повторените парламентарни избори ќе овозможат влез на осум партии во грчкиот парламент, пренесува Ројтерс.

Без разлика на тоа кој има предност, дали Нова демократија или СИРИЗА, парламентарните избори одржани на 6. мај покажаа дека ниту една партија нема да освои доволен број на гласови, на повторените избори, за самостојно да формира влада.

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк