Венчавката на една брачна двојка од американската сојузна држава Северна Каролна течела како и секоја друга се до моментот кога младоженецот Брајан Скот, инаку НАСКАР возач, не застанал пред насобраните сватови и почнал да го чита својот завет.
Но, наместо на неговата идна сопруга, 24-годишната Витни Ки, 27-годишниот Скот својот завет и го посветил на нејзината ќерка Брајли.
– Ветувам дека секогаш ќе те држам за рака и ќе ти бидам утеха. Ветувам дека ќе ти читам приказни пред спиење и ќе ти пејам приспивни песни. Во односот со твојата мајка ќе ти покажам како еден маж треба да се однесува кон жена. И она што е најважно, ветувам дека секогаш ќе те штитам, ќе бидат крај тебе и ќе те сакам засекогаш, и порача Скот на тригодишната Брајли.
Сватовите биле изненадени од заветот на Скот, но по првичното изненадување, заветот на младоженецот ги расплака речиси сите присутни.
Снимката од заветот на Скот набрзо се најде на интернет и за кусо време собра илјадници „лајкови“ со што е на добар пат да стане вистински виртуелен хит.