Поранешните припадници на ЈНА немаат право на поврат на воените станови во БиХ

Од:

Европскиот суд за човекови права одлучи дека припадниците на поранешна ЈНА немаат право на поврат на становите што до распадот на поранешна Југославија ги користеле на подрачјето на Босна и Херцеговина, доколку после тоа побарале своето станбено прашање да го решат во некоја од државите што настанаа на подрачјето на поранешна Југославија.

Европскиот суд пресудата ја донесе одлучувајќи по тужбата на поранешен припадник на ЈНА, кој барал властите во БиХ да му го вратат станот што го користел до 1992 година и по тогашните закони да го откупи од воено-стамбениот фонд на поранешната држава.

Како што беше соопштено од канцеларијата на застапникот на БиХ пред судот во Стразбур, Моника Мијиќ, оваа одлука значи дека припадниците на поранешна ЈНА кои имале станарско право или откупен воен стан во БиХ, немаат право на поврат на тој стан доколку во Србија или во друга држава од поранешните републики на СФРЈ, им е признато правото на доделување воен стан или им е одобрен стамбен кредит кофинансиран од државата, без разлика на тоа дали станот и физички им бил доделен.

Имено, на подносителот на тужбата станот во Србија се уште не му е доделен, но судот, сепак, утврди дека неговата тужба против Босна и Херцеговина не е основана.

Европскиот суд утврди дека припадниците на војската во Србија се уште можат да добијат воен стан во закуп на неодредено време, во недостаток на соодветен стан, стамбен кредит кофинансиран од државата, а на подносителот на тужбата против БиХ властите во Србија му го признале правото на доделување стан во сопственост на Министерството за одбрана.

Во согласност со српското законодавство, исто така, подносителот на тужбата бил должен да се откаже од воениот стан во Босна и Херцеговина, за да може да се стекне со правото на воен стан во Србија, пренесува агенцијата Хина.

Станува збор за случајот „Алексиќ против БиХ“, а овој офицер на поранешна ЈНА се жалел дека му е прекршено правото на имот заради неможноста во посед да го врати воениот стан во Босна и Херцеговина што го откупил во март 1992 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ