Прв концерт на Македонската филхармонија сезонава

Од:

Македонската филхармонија го претставува првиот концерт оваа концертна сезона од циклусот „Кирилица”.

Во четврток во Дом на АРМ со почеток во 20 часот Македонската филхармонија ќе настапи под водоство на Борјан Цанев, а како солист ќе настапи еден од најистакнатите млади македонски уметници, Емилио Перцан, кој ќе ги изведе популарните Концерти за виолина и оркестар на Антонио Вивалди во a-moll и D-dur.

Оркестарот исто така ќе го изведе претпознатливиот Канон in D од Јохан Пахелбел, како и Симфонијата бр. 94 „Изненадување” од Јозеф Хајдн.

 

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот