Заев: Никогаш да не се повтори ова што се случува во Македонија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по исказот во врска со Кривичната пријава за неовластено прислушување што СДСМ ја поднесе до Основното јавно обвинителство, одговараше на новинарските прашања.

Како ќе се враќа довербата во иснтиуциите? 

Апсолутно тоа времето ќе го покаже, дека самата вистина и отворањето на вистината испраќа и една друга порака. Никогаш повторно да не се повтори ова што се случува, а повторањето не е само со тоа што некој се дрзнал да слуша толку многу граѓани во Република Македонија, туку последиците допираат до сите пори во системот во којшто живееме.

Кои прашања ви беа поставени во Обвинителството? 

Не се коментираат самите прашања затоа што постапката е во тек.

Претседателот на Европската комисија ја одложи посетата и со тоа даде до знаење дека нешто во државата не се случува убаво… 

Не би сакал да давам нешто дополнително како наметнато мислење. Вие новинарите и граѓаните согледувате како реагираат меѓународните институции, заради тоа што ако некој се обидува преку перјаници на власта, изразени како поединци или одреден медиум да го залажува својот сопствен народ, луѓето и поголем број на граѓани на Република Македонија, но секако и упатените во меѓународните институции, многу добро знаат и од прилика им е јасно, што се случува во нашата земја.

За случајот Пуч исказ кога ќе дадете? 

Тоа зависи, како што знам, бидејќи не сум правник, кога ќе бидеме како повикани како осомничени од Јавното обвинителство. Таму сеуште не сме повикани, ниту јас, ниту некој од луѓето кои ги познавам, кои се во притвор, а знам дека тие ќе одлучат кога ќе имаат доволно докази, значи таму нема ниту обвинителен акт, ниту друг вид на постапка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра