САД: Исламисти добија по 25 години затвор

Од:

На двајца жители на Калифорнија, изречена им е казна од по 25 години затвор поради здружување, заради поддршка на терористи и убивање на Американци во странство.

-Подржувајќи го тероризмот и заверата за убивање на американските воени лица, кои служат во странство, обвинетите ги предадоа државјаните на САД- изјави Давид Бович, помошник директор на ФБИ во Лос Анѓелес, пренесе „Асошиејтед прес“.

Сохиел Омар Кабир и Ралф Делеон се осудени во септември минатата година, откако обвинителите докажале дека тие се приврзаници на радикалниот ислам и дека заедно со уште двајца мажи по обуките завршиле во редовите на Ал Каеда.

Петиот осуден, бил член на нивната група, но како доушник на ФБИ, кој тајно ги снимил нивните разговори.

Кабир (37), натурализиран Американец роден во Авганистан, бил лидер и направил аранжман за Делеон (26) и остантите да му се придружат во неговата татковина, соопшти американското обвинителство.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас