Хелсиншки: За Обвинителството врзување на дете со јаже не е тортура

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права во својот извештај за јануари 2015 година, соопштува дека во случајот на глувонемото дете кое вработените во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, го врзуваа со јаже за креветот, до струмичкото Јавно обвинителство поднел кривичната пријава против непознати сторители, директорката и вработени во Заводот во Банско и до директорката на битолскиот Центар за социјална работа, и тоа за мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување и за малтретирање во вршење на службата.

„Во својата одлука, Основното јавно обвинителство во Струмица ја отфрли поднесената кривична пријава со образложение дека пријавените дела не се гонат по службена должност, како и дека врзувањето на детето било од оправдани, безбедносни причини. По ваквата одлука, Хелсиншкиот комитет поднесе барање на преземање на кривичното гонење до Вишото јавно обвинителство во Штип, кое исто така констатира дека детето било врзувано од безбедносни причини и ја потврди одлуката на Основното обвинителство. Дополнително, Вишиот јавен обвинител посочува на тоа дека член 3 од Европската конвенција за човекови права кој ја забранува тортурата, понижувачкиот и деградирачки третман под сите околности, не е од апсолутен карактер и сите околности требало да бидат земени во предвид“, стои во извештајот на Хелсиншки. Комитетот оценува дека оваа одлука е нестручна и непрофесионална и додава дека загрижува тоа што Јавниот обвинител не го препознава деградирачкиот и нехуман третман како забранет и во спротивност со гаранциите на член 3 од Европската конвенција за човекови права, која е од апсолутен карактер. „Хелсиншкиот комитет смета дека Јавниот обвинител не ги зема во предвид овие околности потврдени од Европскиот суд за човекови права, поради што следно ќе се обрати до Јавниот обвинител на Република Македонија, а доколку повреда на правата на детето не е утврдена, соодветно ќе се обрати и до Европскиот суд за човекови права“, стои во извештајот на Хелсиншки комитет.

Би можело да ве интересира

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: Годишен извештај за криминалот од омраза во 2020, регистрирани 104 вакви инциденти

Ана Ололовска