Властите во Киев ќе почнат да го повлекуваат тешкото оружје од Донбас по целосен прекин на огнот, изјави украинскиот воен портпарол Анатоли Стелмах.
– Првата етапа од мировниот договор во Минск е целосно прекинување на огнот. Во моментот нема целосен прекин на огнот, изјави портпаролот.
Тој додаде дека додека позициите на украинските војници продолжуваат да бидат цел на гранатирање не може да стане збор за повлекување на тешкото оружје.
Портпаролот на Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин изјави дека сепаратистите почнале подготовки за повлекување на тешкото отужје предвидено за 24 февруари.