Умерен земјотрес регистриран во Јапонија

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во североисточниот дел на Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихии Океан, на длабочина од 10 километри, североисточно од префектурата Ивате.

Нема информации за повредени луѓе и причинета материјална штета. Не е објавено предупредување од појава на цунами.

На 17 февруари во истиот регион регистрирани се неколку силни земјотреси, кои предизвикаа цунами, чии бранови беа од 10 до 20 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

Земјотресот од Албанија ја стресе и Македонија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес во Тајван