Лајтнер: БиХ исклучително важен во борбата против тероризмот

Од:

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер оцени дека е многу важна соработката со Босна и Херцеговина во борбата против тероризмот.

Зборувајќи за јакнењето на контролата на границата на ЕУ со БиХ, што неодамна беше побарано од Европскиот совет, Лајтнер во интервју за Сараевски „Дневни аваз“ истакна дека правната рамка на Шенгенот, едноставно мора во целост да се исцрпи.

Според неа, Европол мора да се постави на врвот на копјето на ЕУ во борбата против теророт.

– Затоа е важно напоредно да работиме на јакнење на постоените механизми. Тука првенствено мислам на контакните точки (Focal Points Travellers) кои ги воспостави Европол. Преку нив се собираат, анализираат и разменуваат податоци за регрутација на сомнителни лица од ЕУ и трети земји кои патуваат во земји зафатени од воени дејсвија, објаснува австриската министерка.

Таа вели, дека целта е да се анализира нивнито движење а за ефикасна борба против тероризмот поребно фокусот да се стави и на инернет, во рамките на што мора да се надгледуваат интернет страниците на различни јазици.

– За такво нешто потребно е да се обезбеди висока техничка и кадровска поддршка. Значи, ни треба ефикасна соработка на експертите од сите земји, како и од БиХ. Затоа е покрената иницијативата на Европол по пат на која се разменуваат информации од исламистички итнернетр страници и пропаганда на терористички организации, наведе Лајтнер.

Осврнувајќи се и на акцијата на австриските полициски агенции против терористи, со оглед на тоа дека се евидентни врски меѓу екстремисти во Австрија и БиХ, таа потсети на големата акција од крајот на минатата година во која учествуваа 500 припадници на полицијата во Виена, град Илинц.

Уапсени се вкупно 14 осомничени екстремисти, проповедници кои ширеа омраза и војници кои се вратиле од Сирија. Тие се обидувале да ја радикализираат муслиманската младина и да ги натераат да се борат во Сирија. Собрани се многу докази кои укажуваат на терористички активности, истакна Лајтнер.

Прашањет да го коментира фактот дека Виена станала центар во кој се регрутираат исламисти таа рече дека како милионски град со различно социјално милје Виена, како и некои други метрополи, добра подлога за индоктринација или радикализација.

Освен репресивните мерки кои ги преземаат безбедносните агенции, Министерството за внатрешни работи е ангажиано на една севкупна општествена задача, а тука пред се, мислам на мерки за сензибилизација на општествената ситуција и советување за екстремизмот, пецизираше австриската министерска за внатрешни работи на интервјуто за „Дневни аваз“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници